Македонија подобра од Ц. Гора и во последната третина

МАКЕДОНИЈА - ЦРНА ГОРА 54-51 (39-37, 22-17)

Репрезентацијата на Македонија ја совлада соодветната репрезентација на Црна Гора со вкупен резултат од 54-51 на првиот контролен натпревар што овие два тима го одиграа во рамките на последната фаза од подоготовките за настапот на Европското првенство во Германија. 

Македонија славеше победа од 39-37 (22-17) по 60 одиграни минути, но договорот на двајцата селектори беше да се одигра уште една делница од 30 минути за сите ракометари да добијат шанса.

И последната третина заврши со победа на Македонија од 15-14, односно вкупно 54-51. 

Ова беше прва и последна проверка за Македонија за време на престојот во Стара Пазова. Екипата утре ќе се врати назад во Скопје и до втори јануари ќе биде слободна. 
На 2 јануари, тимот одново ќе биде на тренинг. Ќе следат уште два контролни натпревари, на 4 и 5 јануари пред заминувањето за Дизелдорф кое е планирано на 8 јануари. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk