Македонија подобра од Црна Гора по 60 минути

МАКЕДОНИЈА - ЦРНА ГОРА  39-37 (22-17)

Репрезентациите на Македонија и Црна Гора одиграа контролен натпревар за време на подготовките што и двете репрезентации ги одработуваат во спортскиот комплекс во Стара Пазова, во Србија. 

Македонија ги доби првите 30 минути, со солидна разлика од пет гола (22-17), а по 60 минути игра исто така имаше два гола предност (39-37). 

Договорот на селекторите пред натпреварот беше да се одигра натпревар со три третини од по 30 минути. Ваков чекор одбраа, затоа што немаат спаринг партнери во Стара Пазова, а шанса да играат со поголема минутажа сакаа да обезбедат за сите ракометари. 

Но, сеедно, црногорската федерација по 60 одиграни минути го запиша конечниот резултат од натпреварот. 


Двете репрезентации се дел од Европското првенство што ќе се игра во Германија. Македонија е во група со репрезентациите на Франција, Германија и Швајцарија и ќе игра во Дизелдорф и Берлин, а репрезентацијата на Црна Гора е во нешто полесна група, задно со селекциите на Исланд, Србија и Унгарија и ќе игра во Минхен. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk