Веспрем нуди 2.000.000 евра за голман?!

Интересна, речиси неверојатна вест во моментов се шири низ ракометните ка
нали низ Европа. Унгарскиот Веспрем понудил два милиона евра за данскиот голман на Барса, Емил Нилсен!

Информацијата ја лансираше Штефан Кречмар во видео емисија. 

Ако навистина има таква понуди и уште повеќе се реализира, тогаш ќе биде израмнет најскапиот ракометен трансфер досега, а тоа е преминот на Никола Карабатиќ од Барса во ПСЖ за сума од 2.000.000 евра. 

Најинтересно, во целава два милионска приказна е што Емил Нилсен кој дојде од Нант во Барселона воопшто не беше планиран за прв голман. Тој требаше да биде поддршка на Варгас и имаше статус на втор голман. Така беше сѐ до моментот кога на виделина излезе желбата и договорот на нивниот прв голман Гонзало Варгас да замине во Кил. 
Тогаш, Емил Нилсен почна да добива шанса во Лигата на шампионите, а неговиот перформанс му ја крена цената, на ако му се верува на Кречмар - 2.000.000 евра. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk