ГРК Тиквеш го промовирше новиот тренер

Очекувано и најавено, нов тренер на кавадаречкиот суперлигаш ГРК Тиквеш ќе биде Радослав Стојановиќ, поранешен тренер на екипата на ГРК Охрид и актуелен селектор на машката јуниорска репрезентација на Македонија. 

Стојановиќ на клупата на ГРК Тиквеш доаѓа на местото на Никола Матлиески со кого клубот во есенскиот дел од шампионатот, до последен момент се бореше за второто место на табелата, но на крајот заврши на третото место и пренесува само еден бод во пролетниот Плејоф. 

„Своите ракометни почетоци ги имав во овој регион па сега е време со својата работа да возвратам на регионот од чија ракометна школа излегоа квалитетни ракометари. Се радувам што сум тука во улога на тренер и познавајќи го менталитетот на регионот, знам и верувам дека ќе се бориме на секој натпревар и за секој бод во Плејоф“, изјави Стојановиќ за клупските социјални медиуми.

фото: ГРК Тиквеш/ФБ

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk