Утре Македонија ќе тестира со Црна Гора

Репрезентацијата на Македонија, утре на пладне ќе го одигра првиот тест натпревар во рамките на оваа финална фаза од подготовките за Европското првенство. 
Македонија и црна Гора ќе ги одмерат силите на натпревар што ќе се игра 3х30 минути. 

Кирил Лазаров и Владо Шола решија да му додадат уште едно полувреме на овој натпревар, затоа што нема доволно спаринг партнери во овој дел од подготовките. Македонија требаше да игра натпревар со ОАЕ каде селектор е Данило Брестовац, но нема да има таков двобој. 
Уште 30 минути плус со Црна Гора ќе заврши работа кога е во прашање давањето на шанса на сите повикани ракометари. 

Колку и што може да се види од тој натпревар е помалку неблагодарно да се каже. Ракометарите сигурно ќе играат на победа, но тактичките замисли се разликуваат од тие на вистинските натпревари. Покрај ова и не се покажува сѐ на вакви дуели. Ова особено би го рекле дека важи за Црногорците затоа што пред два-три дена во Стара Пазова стигна и Србија, а тие се ривали во групата што ќе се игра во Минхен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk