Оставка на Булатовиќ, нов дил на 40 години...

Црногорска работа. Откако се скара со Милена Раичевиќ, а од клубот замина и претседателот Радмила Петровиќ, ЖРК Будуќност информираше дека нивната легендарна ракометарка, Катарина Бултовиќ поднела остава од позицијата член на УО на клубот. Оставката е од лични причини. Не е познато дали Булатовиќ останува и спортски директор на клубот. 

Моја Африка. Легендарното шпанско крило, Рафаел Гихоса, ќе биде асистент и советник на селекторот на репрезентацијата на Руанда на претстојниот Куп на Африкански нации. 

Ништо од Вујо... засега. Египетскиот клуб Замалек објави дека нивни нов тренер е Абу Ал Магд. Така засега пропаѓаат најавите дека Веселин Вујовиќ ќе биде на кормилото на Замалек. 

Годините се само бројка. Висла Плоцк го продолжи договорот со 40 годишниот интернационалец од БиХ, Мирсад Терзиќ. Овој ракометар со текот на годините израсна во врвен дефанзивец без кој еве Полјаците не сакаат да продолжат во следните две години. 

Од јуни секој по својот пат. Германскиот клуб Хановер објави дека по двегодини соработка, во јуни се разделува со голманот Дарио Квинштет кој во нивните редови дојде од екипата на Кил. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk