Се реактивираше на 49 години

Германскиот голман Хенинг Фриц има статус на легендарен голман во ракометниот свет. Поранешниот чувар на мрежата на Магдебург, Кил и РНЛ кариерата ја заврши во 2012 година со полна соба трофеи во која има и злато од Светско и Европско првентво и сребро од Олимписки игри. Накратко, во 2021 му излезе во пресрет на Флензбург кога им се повреди Бенјамин Буриќ, а сега на возраст од 49 години одново ќе застане на голот. 

Хенинг Фриц ќе биде новиот голман на италијанскиот тим Болцано кој се најде во незавидна положба откако нивниот голман, Кипарецот Кристофорос Нунгович ќе настапи како натурализиран играч за репрезентацијата на ДР Конго на Африканскиот Куп на нации што ќе се игра во јануари.
Болцано успеал да одложи неколку дуели, но не и мечот со ривалскиот Конверзано во прилично израмнетата трка за шампионската титула во Италија. 
Помош најдоа, а и го привлекоа вниманието на целиот ракометен свет со ангажманот на 49 годишниот Хенинг Фриц

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk