-
26.12.2023
-
Вести, Актуелно
Се ближи ЕП 2024, па се намалуваат спортските настани во пресрет на тој шампионат, а пропорционално се зголемува заинтересираноста за ЕП.
Дел од македонскиот фолклор стана да се поставува резултатско очекување од нашиот тим и согласно секој со своите убедувања да го дочека 10 јануари и првиот меч со Франција.
Светските обложувалници и нивните алгоритми ги пресметаа шансите на репрезентациите на претстојното ЕП, па секој полнолетен што мисли поинаку или знае повеќе, ете му шанса своето знаење да го претвори и во пари.
За Македонија овој пат работите се прилично јасни. Играме во групата со Франција и со Германија и по ова прашање обложувалниците се кристално јасни. На пример за дуелот со Франција, за победа на „триколорите“ коефицентот е само 1.13. Следствено Македонија оди во „онаа“ половина од репрезентациите кои по три натпревари ќе се вратат дома.
Тоа што е за нас интересно е дека обложувалните ја сметаат и Швајцарија за фаворит во однос на Македонија. Така пресметува алгоритмот на водечките обложувалници, без оглед што овде ќе сервираат домашните стручњаци и „стручњаци“.
Разликата во односот Швајцарија - Македонија, за волја на вистината не е многу голема, но ако во овој момент сакате да се обложите, Македонија е во улога на аутсајдер на тој натпревар.
Распоредот, конечниот пласман базиран според коефициентите на неколку обложувалници во моментов изгледа вака:
1. Данска, 2. Шведска. 3. Франција. 4. Шпанија. 5. Германија. 6. Исланд. 7. Норвешка. 8. Унгарија. 9. Србија. 10. Словенија 11. Хрватска 12. Португалија 13. Полска 14. Холандија 15. Чешка 16. Австрија 17. Романија 18. Ф. Острови 19. Швајцарија 20. Ц. Гора 21. БиХ 22. Македонија 23. Грција 24. Грузија
Поврзани вести