Пристигна и Митревски, екипата е комплетна

Репрезентацијата на Македоија од денеска во комплетен состав ги продолжува подготовките за настапот на Европското првенство во Германија. 
Последен на репрезентацијата ѝ се приклучи голманот на Порто, Никола Митревски. Тој имаше клупски обврски поради кои вчера пристигна во Стара Пазова и веднаш се „стави“ во погон. 

Македонија веќе петти ден тренира во Србија, а на 29 декември ќе одигра и контролен натпревар со репрезентацијата на Црна Гора. 

Во јануари во Скопје ќе има двомеч со репрезентацијата на Грција на 4 и 5 јануари, а три дена подоцна екипата заминува за Дизелдорф каде што на премиерниот меч од Европското првенство ќе се сретне со репрезентацијата на Франција. 

Поврзани вести