Словенија без Блаж Јанц на ЕП!

Лоши вести добија Словенците од својот докторски тим во врска со рехабилитацијата на крилото на Барса, Блаж Јанц. 
Откако направија прегледија и ја потврдија дијагнозата од Барселона, докторите советуваа Блаж Јанц да не настапи на претстојното Европско првенство со цел комплетно да се рехабилитира и да може без проболеми да ја доигра сезоната.

Блаж Јанц има проблем со рбетот, со долниот дел од рбетот што предизвикало и вкочување на мускулот на левата нога. Повредата нема да има последици доколку правилно се третира и лечи, но потребно е време за санација, а време веќе нема. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk