Талески: Да уживаме играјќи пред 50.000 гледачи

Македонската сениорска репрезентација се подготвува за настап на ЕП 2024 во српскиот спортски комплекс во Стара Пазова, каде што ги има сите поребни и модерни услови за тренинг и подготовка. 
Филип Талески, еден од играчите од перјаницата на македонската репрезентација се приклучи на тимот по комплетирање на обврските во Лисабон и веќе се адаптираше на новиот режим на работа. 

„Среќен сум што повторно со репрезентацијата ќе бидеме дел од едно големо натпреварување. Сите знаеме дека Германија го сака спортот, вложува во ракометот и за нас ќе биде одлична можност како репрезентација да се докажеме на големата сцена.
Среќен сум што сме овде сите заедно со сите момци, искрено да ви кажам, среќни сме и сплотени на овие подготовки. Мислам дека со оваа атмосфера што ја имаме тука, со новитетите што селекторот ги подготви за нас, имаме големи шанси да се подготвиме во најдобро можно светло“, изјави Филип Талески.   



„Ја имаме најтешката група што можеше да ја добиеме на ова Европско првенство, меѓутоа за нас тоа е еден предизвик. На ова ЕП ќе се испишува првенство со историја, пред се по бројот на навивачи, ќе имаме можност да отвориме со меч на фудбалски стадион против една Франција, која секогаш напаѓа медал на големите натпреварувања.
За нас ќе биде само мотив плус да се натпреваруваме и да се докажуваме против најдобрите. Мислам дека не треба да имаме преголем притисок, туку да уживаме играјќи пред 55.000 фанови на фудбалски стадион, можеби никогаш повеќе во животот нема да добиеме таква шанса.
Треба да одиграме најдобро што знаеме, пред се за нас, а исто така и за навивачите кои ќе дојдат да ни дадат поддршка од Македонија. Мислам дека со такви мисли можеме да стигнеме до добар резултат, може да се стигне и до победа, но сепак треба да одиме чекор по чекор



„Во второто коло од групата ќе се сретнеме со домаќинот Германија, но тоа не треба да не плаши, во минатото покажавме дека можеме да играме со една Германија. И тие исто така имаат смена на генерации, имаат и млади играчи како и ние, што е шанса да докажеме дека сме квалитетни.
Најголеми шанси за триумф имаме против Швајцарија, тоа е ривал со кого имаме бројни натпревари во квалификациите во минатото и верувам дека имаме квалитет за да славиме, по подолго време да стигнеме и до една победа на големите натпреварувања“, изјави Талески.

Поврзани вести