Мега засилување за Војводина

Уште една потврда за сите што не го сфаќаа доволно сериозно, вклучително и за македонските фанови за контурите и амбициозноста на проектот Војводина стигна денеска од Нови Сад.

Петар Ѓорѓиќ, бекот на Бенфика и еден од најдобрите српски ракометари во моментов во раскина договорот со лисабонскиот клуб што имаше важност до јуни 2025 година и во продолжението на сезоната и во Европската лига ќе биде на располагање на Борис Ројевиж во црвено-белата екипа од Нови Сад. 

Ѓорѓиќ е поранешен играч на Вецлар, Флензбург, Хамбург, Мешков Брест и сега на Бенфика, а договорот со Војводина е потпишан на една и пол година, односно до јуни 2025. 

Во екипата на Војводина, да потсетиме, во пролетниот дел на располагање ќе биде и поранешниот играч на Металург, Стефан Додиќ. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk