Сегед беше на шопинг во Магдебург

Унгарскиот тим ПИК Сегед денеска се пофали со потписот на исландскиот плејмејкер Јанус Смарасон. Сегед годинава е тим во транзиција, а вистинската екипа ќе ја имаат следната година кога на клупата ќе седнат Микаел Апелгрин и Јонас Калман. 
Тие со себе носат нов концепт, а еден од креаторите на играта ќе биде Јанус Смарасон. Овој исландски бек оригинално беше планиран во концептот на Колстад. 
Потпиша за норвешкиот дрим тим, но кога се појавија првите знаци на финанската криза, веднаш ја прифати понудата на европскиот шампион Магдебург кој бараше замена за повредниот Гисли Кристијансон. 

Откако Кристијансон се врати на терен, Јанус Смарасон почна да разгледува нови опции, а ПИК Сегед очигледно е проект во кој исландскиот ас се пронаѓа себе. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk