Келце (пак) купува во ПСЖ

Недим Ремили, Дилан Наи и Беноа Конку добиваат нов член на друштвото за кое покана е да се направи трансфер од ПСЖ во Келце. 
Полските медиуми вчера најавија дека ќе има нова трансфер бомба, а денеска откриваат и за кој играч станува збор. 
Унгарскиот бек Доминик Мате кој во ПСЖ дојде за да го замени Даинис Криштопанс би требало да стане новиот играч на Келце и поддршка за Алекс Душебаев на позицијата десен бек.
Келце имаше составено тандем Душебаев - Ремили, но откако влезе во финансиска криза мораше да го продаде Французинот на Веспрем за да успее да ја одржи ликвидноста. 

Сега со нов спонзор и посигурна иднина одново им е потребен играч на позицијата десеn бек како поддршка за Алекс. 

И не само тоа, веќе долго време чекаме во редовите на Келце да се појави нивното најголемо засилување, а тоа ќе биде левиот бек Хасан Кадах, најдобриот стрелец и ол стар бек на кадетскиот мундијал што се одржа во Македонија во 2019. Четири години подоцна Кадах е еден од најопасните играчи на позицијата, направи трансфер од Замалек во Келце но, сѐ уште нема дебитирано. 

 

Поврзани вести