Јагањац на нова операција

Еден од најдобрите хрватски ракометари, бекот на РНЛ, Халил Јагањац 2023 година ја завршува со трета операција. 
По двете операции на шутерското раме кои речиси комплетно му ја уништија сезоната, Јагањац имаше нов пех, откако на тренинг му „пукна“ јагодчната коска и ќе мора хируршки да го средува проблемот. 

Хаилил Јагањац е ракометар кој на 17 годишна возраст потпиша за ПСЖ одбивајќи ги приотоа Сегед, Целје и Загреб. Париз го одбра поради нивниот центар за формација и можноста да се надоградува како играч подобро отколку во споменатите клубови. 
Тоа беше во 2016, а во 2017 година, ПСЖ и Јагањац не можеа да ја одбијат понудата на Лино Червар и Металург и Јагањац се пресели во Скопје. 
Видовме на „лице место“ за каков потенцијал се работи, а една година подоцна, Металург, пак, не можеше да ја одбие понудата што стигна од Нексе и Јагањац следните четири години ги мина во Нашице. 
Потоа стигна понуда од Келце, а таму согласно нивната политика купи-позајми пристигна во РНЛ. 

Мал застој му приредија споменатите повреди, но сеедно, тој има само 25 години и доколку го послужи здравјето, допрва доаѓаат неговите најдобри ракометни денови. 

Поврзани вести