Репрезентацијата замина во Србија

Машката репрезентација на Македонија утрово замина во Србија, каде што во модерниот спортски комплекс во Стара Пазова ќе ја одработи првата фаза од подготовките за настапот на Европското првенство во Германија што ќе се одржи во јануари 2024.

Македонската репрезентација во Стара Пазова ќе биде до 30 декември, потоа се враќа во Македонија и одново на собир ќе биде на 2 јануари кога ќе одработи два тренинга пред дуелите со Грција што ќе се играат во Скопје на 4 и 5 јануари. Првиот од овие два меча ќе биде отворен и за јавноста и ќе се игра во „Борис Трајковски“. 

За време на престојот во Стара Пазова, репрезентацијата на Македонија ќе одигра најмалку еден контролен меч. На 29 декември ќе има тест со репрезентацијата на црна Гора која исто така е учесник на Европското првенство во Германија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk