ТРАНСФЕРИ: Веспрем како на лента, екс тренер на Вардар во Полска...

Уште едно големо име оди во ракометна пензија на крајот на сезоната. По Никола Карабатиќ и Уве Генсхајмер, крај на активното играње објави голманот Винсен Жерар. 
Тој во моментов ги брани боите на Кил.

Трансфер бомба најавуваат полските медиуми. Имено, велат дека имаат точна информација за трансфер на релација ПСЖ - Келце. И тоа, велат, играч што може да направи разлика. 
Името не го имаат објавено, веројатно за да не прават бранови пред вчерашното дерби со Висла.
Кој ќе биде новиот играч на Келце, ќе видиме. 

Откако објави продолжување на договорите со Бјарки Елисон, Гашпер Маргуч и Јахиа Елдера, па потоа го официјалзираше заминувањето на Кентан Мае, екипата на Веспрем објави за потпис со уште тројца нивни играчи. 
Нови договори со Веспрем потпишаа Никита Вајлупов (2026), Драган Пешмалбек (2026) и Патрик Лигетвари (2028). 

Поранешниот тренер на ЖРК Вардар, Ким Расмусен, по низата би рекле не многу успешни авантури во неколку клубови и репрезентации, потпиша договор со полската екипа Островија. 

Официјализиран е преминот на голманот Тобијас Тулин од екипата на ГОГ во екипата на ПИК Сегед. 

Најпознатиот германски тим, Кил, објави дека потпишале нови договори со крилото Руне Дамке и голманот Самир Беласен.

Унгарскиот тим Ѓер не успеа да ја разубеди Сије Солберг во намерата да си замине. Таа мина четири години во Унгарија од кои последните две на голот на екипата на Ѓер. Клубот и нудеше и долгорочен договоро, но денеска официјализираа дека заминува на крајот на сезоната. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk