Сара Ристовска потпиша за Рапид!

Македонската репрезентативка Сара Ристовска заминува од редовите на ЦСКА Москва на крајот на сезоната и следната година ќе ја гледаме во дресот на романскиот тим Рапид Букурешт!

Романците го потврдија трнсферот потсетувајќи на остварувањата на македонската ракометарка во кариерата во кои се запишани победнички пехари од шампионатот на Русија, Словенија и Македонија каде што играше во екипите на ЦСКА, Крим, Вардар и Металург. 

Екипата на Рапид во која пак ќе настапува Ристовска следната сезона е еден од најбогатите и најамбициозните клубови во Романија, а нивната лига е најбогатата и според имињата кои играат најатрактивната лига во Европа. 

Рапид е во постојана трка со уште еден мега проект, ЧСМ Букурешт и учесник во Лигата на шампионите, па Ристовска ќе се врати и на елитната европска сцена следната сезона. 
 

Поврзани вести