Лазаров: Имаме млад и полетен тим, ќе се бориме за секоја топка

Македонската репрезентација денеска го имаше првиот собир. Седумнаесет од вкупно 19 повикани ракометари од скратениот список се појавија на првата прозивка. Филип Талески на екипата ќе ѝ се приклучи на 23 декември во С. Пазова, а два дена подоцна доаѓа и Никола Митревски. 

Македонија на 29 декември ќе игра меч со Црна Гора, а потоа во јануари два натпревари со Грција од кои едниот ќе биде од отворен тип. 

„По смената на генерацијата најважно беше да не се изгуби континуитетот што го имаме од 2012 година, со што нѐ прави спорт број еден во Македонија“, вели Лазаров. 

„По промената на форматот на Европското првенство (само две репрезентации од група одат понатаму) ниту во иднина не можеме да бараме лесни противници. Немавме среќа во ждрепката, ја добивме Франција која со Данска и домаќинот Германија која исто така е во нашата група се фаворити за освојување на Европското првенство.
Тука е репрезентацијата на Швајцарија која од нив е ниво послаба, но треба да знаеме дека од нивниот ростер девет репрезентативци играат во најсилната лига во светот, Бундес-лигата и имаат главни улоги во тие тимови.
Ние сме една млада, талентирана и полетна репрезентација и јас како селектор сум задоволен што имам шанса да тренирам една ваква перспективна репрезентација која во иднина треба да прави големи работи.
Ќе се подготвиме максимално, немаме многу време за подготовки, ќе бидат кратки и интезивни. Се надевам дека ќе се претставиме во најдобро светло“, рече Лазаров на денешниот собир. 



„Мора да размислуваме позитивно. Ќе пробаме системот кој што го градиме да го надоградиме. Во последниот период сум задоволен од пријателските средби со Грција. Успеавме да одиграме два квалитени мечеви на гости. Исто така во квалификациите со Турција и Луксембург кога победивме, како и на двата меча со Португалија игравме квалитетно, иако не бевме комлетни.
Нѐ очекува тешка задача, нема да се предадеме. Ќе се обидеме да создадеме добра атмосфера, добра хемија. Мислам дека момците со голема гордост ќе го носат дресот на македонската репрезентација. Знаеме дека цела нација ги следи, ги поддржува и едвај чека да дојде до јануари и почетокот на ЕУРО 2024.

„Треба да направиме добри подготовки, нема да се предадеме. Во изминатите неколку дена ги гледав натпреварите на Франција, а помалку од Швајцарија и Германија. Се работи навистина за сериозни противници. Јас бев во Франција, ги познавам сите играчи, го познавам и нивниот систем. Голем дел од нив играат во домашниот шампионат и ми се добро познати. Ќе се спремиме максимално да го дадеме најдоброто од себе.
Сепак треба да знаеме дека во моментов играчки можеби е тоа најдобрата репрезентација во светот. Дури подобра и од Данска. Сакам да одиме чекор и чекор, и така ќе се поставиме со нашите момци. Секогаш кажувам во невозможно. Нема да ставаме фокус на Германија или Швајцарија, едноставно фокусот ќе биде на Франција зошто играме со нив на 10 февруари, па потоа имаме четири дена да се одмориме за да се подготвиме за дуелот со Германија.
И секако последниот меч со Швајцарија. Нема да одиме со бело знаме. Ќе играме борбено, ќе се бориме за секоја топка. Ќе се обидеме да го дадеме својот максимум. Да направиме добра одбрана, да направиме добар контранапад. Да имаме квалитетен и сигурен напад и ќе пробаме ете максимално да го искористиме овој период и да бидеме спремни за предизвикот кој не очекува“.





Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk