КУЗМАНОВСКИ: Чест е да се игра за репрезентација, веруваме со нас, ќе дадеме сѐ од себе

Филип Кузмановски е еден од лидерите на македонскиот тим. Своевиден рестарт на кариерата имаше есенва, со одлуката да се врати во Македонија и да го засили Е. Пелистер и веднаш се виде разлика во неговата игра. Оди кон повисоко ниво и се надеваме дека на ЕП ќе биде во врвна натпреварувачка форма, спремен да се носи со гигантските предизвици. 

„Враќањето во Битола беше посебен момент за мене, враќање во мојот матичен тим. Играњето во Лигата на шампионите беше една од причините за да се вратам, знаете и како е амбиентот и какви навивачи има Пелистер. Сето ова многу ќе ми помогне бидејќи поминувам многу време на терен. Имам многу самодоверба, што пак е најважно“, изјави Кузмановски.

Јануари е месецот на ракометот во спортскиот календар. Репрезентациите се на сцена, годинава на европско тло кај можеби најракометната нација во светот - Германија. 

„Чест и задоволство е да играш за репрезентација. Ние сме одлична група на млади ракометари, имаме квалитет кој треба да го покажеме во иднина. Сите добро ја знаеме групата, спортски е да се надеваме. Максимално треба да ги одбработиме подготовките, како на физички, така и на тактички план.
Сите сме физички подготвени, играме во своите клубови. Што пак порано не беше така, би тргнал од себе. Тоа е позади нас, гледаме напред. Верувам во стручниот штаб, во селекторот и во сите останати. Нам ни останува да работиме“.

СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА НАВИВАЧИТЕ

Македонија ќе биде дел од историјата во Дизелдорф, првите мечеви од нашата група ќе се играат на стадион пред повеќе од 50.000 навивачи. Кузмановски добро ги познава Германците и нивната љубов кон ракометот, очекува вистински спектал.  
„Игравме долго време во Германија знам какви фанатици се за ракомет, верувам дека ќе имаат толку навивачи колку што најавуваат, дека ќе биде спектакл. Се надевам дека и ние ќе ги имаме нашите навивачи. Благодарам за тоа што доаѓаат во голем број на секое првенство, не е мала работа да ги оставиш своите обрвски, работа за да навиваш.
Го цениме тоа, се бориме за нив, за нашата држава. Сепак, репрезентација е нешто свето, треба да биде секој горд да игра за националниот тим, не е лесно да се стигне до тука. Што се однесува до првиот меч со Франција, тие се фаворити, но не треба да бидеме потценувани, гледаме дека има многу изненадувања. Групата е тешка, но спортски е да се надеваме“.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk