Младост од Богданци е клуб кој во ракометната историја на Македонија, барем за тие што малку повеќе разбираат ракомет е исторска станица преку која оделе шампионските титули кон Скопје или Битола.
Иако самите никогаш не стигнале до победничкиот пехар, како трет по сила клуб, најчесто преку салата „Млаз“ се прекршувале првенствата, а клубот следствено стана и остана со етикетата лидер и спасилиште на македонскиот ракомет во југоисточниот дел по колапсот на Гевгелија и Струмица кои сега се далеку од своите славни денови.
Закана, предупредување или најава. Младост Богданци по неколку години „влечење за дрес“ за малку од малку да се најде пронајде финансиска стабилност за колективот што ја одржува спортската култура на живеење во малото гратче, сега доаѓа на крстопат.
Клубот издаде соопштение, со кое го доведува во прашање опстанокот.
Соопштение !
По повод срамната одлука на мнозинството советници на Општина Богданци денес советниците го доведоа под знак прашалник понатамошното функционирање на РК Младост 1977 АД Богданци (машки и женски) каде во моментот членуваат 120 деца од целата општина и околината.
РК Младост 1977 годинава се натпреварува во четири категории машки и девојки од кои во две категории се бори за шампионска титула и се меѓу најдобрите три клуба во Македонија.
Со изгласаната срамна одлука на советниците денес за доделување 300.000 денари, а притоа никаде да не се спомене ниту женскиот ракометен тим, клубот се најде пред сериозна одлука за понатамошното функционирање бидејќи тие средства не се доволни ниту за превоз на натпревари а камо ли за размислување на посериозни резултати и успеси како што досега се бореа децата кои се меѓу најдобрите во Македонија.
Со овој потег само докажаа дека наместо да се трудат и со подршка да се стимулират младите деца да останат во РК Младост и Богданци вие правите тие самите да размислат да заминат одовде.
Во текот на неделата РК Младост 1977 по одржан состанок на управата ке излезе со конечно соопштение за понатамошното функционирање понатамошни и чекори како и иднината на клубот.
Од управата на РК Младост 1977
Со почит.
Поврзани вести