Суперлигашкиот Плејоф ќе почне со „најлудото“ дерби во Европа, дуелот меѓу Е. Пелистер и Вардар. Ова е резултатот од денешното извлекување на натпреварувачките броеви за претстојната полусезона во Суперлигата во која 16-те екипи се поделени во Плејоф и Плејаут шампионати.
Од Плејоф ќе ги добиеме екипите што ќе се пласираат во Европа (1-4 место) заклучно и шампионот.
Од Плејаут ќе ги добиеме четирите екипи што ќе испаднат од Суперлигата (4-8 место) и екипата што ќе игра бараж за опстанок во второпласираната од Првата лига (3 место во Плејаут).
Редни броеви
1. Бутел Скопје
2. Еурофарм Пелистер
3. Пролет 62
4. Тиквеш
5. Струга
6. Алкалоид
7. Вардар 1961
8. Охрид
Согласно Бергеровата табела со осум екипи, во првото коло се среќаваат следниве парови:
Бутел - ГРК Охрид
Еурофарм Пелистер - Вардар 1961
Пролет 62 - Алкалоид
Тиквеш - Струга
Другите поинтересни дуели се распоредени вака:
Во петтото коло се среќаваат Алкалоид - Вардар
Во седмото коло се среќаваат Алкалоид - Е. Пелистер
Во четвртото коло се среќаваат Охрид - Алкалоид
Во шестото коло се среќаваат Охрид - Вардар
Во третото коло играат Тиквеш - Вардар
Во петтото коло играат Тиквеш - Е. Пелистер
ПЛЕЈАУТ ПРВО КОЛО:
Голден Арт - Мулти Есенс
Прилеп - Скопје 2020
Аеродром - Еурофарм Пелистер 2
Куманово - Вардар Неготино