Туниски бек доаѓа во Вардар

Тунискиот бек Тарик Бакар ќе биде новото засилување за Вардар на позицијата десен бек во претстојниот дел од сезоната. 
Бакар доаѓа на местото на шпанскиот Виктор Алонсо кој не се покажа како добра идеја и не ја доврши ниту полусезоната во Скопје. 

Мохамед Тарик Бакар има играно за сите младински селекции на Тунис, а во моментов се наоѓа и напоширокиот список на сениорскиот репрезентативен тим.
Пет сезони игра во сениорската лига на Тунис и има настапувано за екипите на Клуб Африкан, Олимпик Солиман и Ксур Есеф каде настапуваше претходната сезона.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk