Талески одличен, но Спортинг го освои пехарот

Екипата на Спортинг е победник на португалскиот Суперкуп откако во финалето го совлада градскиот ривал Бенфика со резултат 38-34. 
Македонскиот репрезентативец Филип Талески одигра одличен натпревар. Постигна шест гола од кои три во период во кој многу му беа потребни погодоци на неговиот тим, за да одржи ритам и да ја брка негативата од два-три гола. Но, Спортинг успешно одговараше и успеа да се одбрани, па во финишот и мирно да го приведе натпреварот до крајот и да го освои пехарот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk