Си одат Мартинс и Бомбач, но доаѓа суперѕвезда

Пик Сегед за момент ги презема насловите од Веспрем кога се во прашање трансферите за следната сезона. Веспрем минатата недела објави четири новитети поврзани со тоа. Потврдено во клубот остануваат Јахија Елдера, Гашпер Маргуч и Бјарки Мар Елисон, а заминува Кентан Мае. 
Непотврдено, доаѓа Мигуел Мартинс од ПИК Сегед. 

Мигуел Мартинс заминува од Сегед, а заминува и другиот плејмејкер Дејан Бомбач. 

Но, ако се потврдат шпекулациите изнесени денеска, фановите на Сегед немаат зошто да бидат вознемирани затоа што во нивниот тим треба да дојде еден од најдобрите во светот, шведскиот ас Јим Готфридсон од Флензбург. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk