Спуштена мундијалската завеса, ол стар тим, што нѐ чека натаму

Трчаа повеќе и побрзо: Најдена е противигра за Норвешка. Имаа големи проблеми против Данска и Франција, две репрезентации кои имаа многу добри одбрани, им ја спречија транзицијата, па Норвежанките имаа вкупно 3-4 контранапади на двата меча заедно. Франција која имаше и подобра ротација овој пат го разби нивниот систем и двапати ги совлада, вториот пат во меч за злато.

Како тргнаа, како завршија: Најблиску да ја победи Франција или да одигра нерешено, на овој мундијал беше репрезентацијата на Ангола, во првото коло. 

Ништо нема да е исто: Овој мундијал беше последниот на кој за репрезентацијата на Романија играше Кристина Неагу. Таа објави репрезентативна пензија и отсега Романија ќе биде сосема поинаков тим. 

2023 IHF Women’s World Championship All-Star team:
Голман: Лора Глосе (Франција
Десно крило: Натали Хагман (Шведска)
Десен бек: Луис Бургард (Данска)
Централен бек: Стине Бредал Офтедал (Норвешка)
Лев бек: Ензе Минко (Франција)
Лево крило: Клое Валентини (Франција)
Пикер: Лин Блом (Шведска)

МВП: Хени Рејстад (Норвешка)
Најдобар стрелец: Маркета Јержабкова (Чешка)
Најдобар млад играч: Виола Лојчер (Германија)


Обрнете внимание: Откако го искористија правото при ждрепката да разместат репрезентации во групи по желба и на тој начин го диригираа патот на сите репрезентации кон 1/4 финалето, притиоа разминувајќи се меѓусебе, скандинавците на чело со Норвешка ќе се обидат да го променат ова правило. 

Конечен пласман: 1. Франција 2. Норвешка 3. Данска 4. Шведска 5. Холандија 6. Германија 7. Ц. Гора 8. Чешка 9. Бразил 10. Унгарија 11. Словенија 12 Романија 13. Шпанија 14. Хрватска  15. Ангола 16. Полска 17. Јапонија 18. Сенегал 19. Австрија 20. Аргентина  21. Србија 22. Кореја 23. Украина 24. Камерун 25. Исланд 26. Конго 27. Чиле 28. Кина 29. Паргвај 30. Казахстан 31. Иран 32. Гренланд


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk