Кадетите без пехар, тој остана за домашната Романија

Јуниорската репрезентација на Македонија во финалето на Трофеј Карпати беше поразена од домашната Романија (32-36) и го освои второто место на турнирот, пред репрезентациите на Словачка и С. Арабија. 

Домашниот терен носи (судиска) предност и на официјални натпревари, дури и на тие од што се играат под европска капа, а кога станува збор за турнири, особено во младинските категории и особено на меѓународни кога судат домашните арбитри, судиската е последна ако се екипите израмнети. 

Го видоа тоа сениорите неодамна во Солун, а сега и јуниорите ја научија оваа лекција во Романија. Не велиме дека Македонија немаше слабости денеска. Одбраната не беше каква што сакаме, имаше пропусти и во нападот, но ако се играше со други судии, немаше да биде вака како што беше. 
Тоа е тоа домашно судење, секогаш кога Македонија ќе беше во налет или подобар ритам тие ќе го нарушеа ритамот со исклучување, со различен критериум. Ќе дуваа во едра на домашните, а ќе компензираа кога ќе бидат на безбедна дистанца. 

Во првиот дел, водеа и Романија (5-3) и Македонија (11-9), па повторно со домашна помош влегоа Романците во ритам и беа доста комотни со водство кое стигнуваше и до шест гола разлика. 
Но, Македонија полека се врати резултатски во игра, намали на три, па намали на само еден гол разлика, имаше и напад за реми. 
Потоа мечот влезе во ритам гол за гол, а го прекршија судиите при резултат 32-30. Димевски шутираше пенал, постигна гол, но голманот кој не беше статичен малку го „цивнала“ топката по образ и нормално следеше драмата, црвен картон за нашиот играч, поништен гол, па погодок на домашните за 33-30 и уште еден а 34-30, по што следеше рутински финиш. 

Евентуална победа ќе беше сатисфакција за македонските играчи, но и ваков меч и ваков пораз се вредна лекција. Не е прв пат, а важно е да се научи како треба да се однесуваат сите и во вакви ситуации затоа што сигурно нема да биде ни последен. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk