Македонската судиска двој а Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, а и хрватската Борис Милошевиќ и Матија Губица се чисти пред лицето на правдата и Австриската полиција нема докази дека биле инволвирани во местење на натпревари.
Ова за данската ТВ2 го потврдил шефот на судиската организација на ИХФ, Норвежанецот Пер Мортен Содал. Тој додал дека полицијата не нашла докази против споменатите судиски парови и дека тие веќе не се под истрага.
Ова значи дека повторно ќе бидат делегирани на настаните во организација на ИХФ како што се СП и Олимписките игри.
Најмалку осум судиски парови од кои дел се и ИХФ и ЕХФ, а дел само ЕХФ судии биле или сѐ уште се дел од истрага што ја води австриската полиција. Но, ИХФ бил информиран дека нема веќе ИХФ судии под истрага, што значи дека Начевски/Николов и Милошевиќ/Губица се чисти.
Интервјуто што ТВ2 го направила со Пер Мортен Содал во Хернинг за време на женскиот мундијал, можете да го прочитате со клик овде