Среќата му сврте грб на Порто, Талески против Спортинг во финале

Седми од осумте последни натпревари меѓу Порто и Спортинг заврши со победа на еден од тимовите со само еден гол разлика. Еден од овие осум дуели заврши нерешено.
Ова е епилогот на најизедначениот дерби во Европа, класиката меѓу Порто и Спортинг. Овој пат се играше во рамки на полуфиналето на португалскиот Супер Куп. 

Спортинг го доби дуелот со 35-34 со гол на Мартим Кошта во последната секунда од мечот. Дванаесет секунди претходно, Порто израмни на 34-34. 
Јунаци на Споринг се браќата Франциско (18 години) и Мартим Кошта (21 година) Неверојатен е напредокот на овие ракометари кои против Порто постигнаа 21 гол (12+9) вклучително голот за победа. 
Македонскиот голман Никола Митревски имаше голема, клучна улога кога Порто се враќаше од минусот од шест гола (16-22) и стигна до игра гол за гол. 
Нашиот репрезентативец го имаше одбрането и последниот шут на Мартим Кошта, но среќата му го сврте грбот и топката се одби во голот и тука не можеше ништо повеќе да се стори. 

Бенфика за која настапува нашиот репрезентативец Филип Талески имаше навидум полесна задача и со 37-31 го совлада тимот на Маритимо и денеска ќе игра во финалето против екипата на Спортинг. Но, Маритимо пружи отпор, а нивната игр „7 на 6“ ѝ направи многу проблеми на Бенфика, па на 10 минути до крајот беше само две гола разлика (28-26). 
Филип Талески беше стрелец на три гола во победата на Бенфика. 

Поврзани вести