Голема ѕвезда го пропушта ЕП 2024

Лоши вести за Холандија и за клубот објави денеска бундеслигашот Флензбург. Холандскиот ас Кај Смитс ќе биде вон терените неодредено време, но сосема сигурно нема да настапи на претстојното Европско првенство што во јануари ќе се одржи во Германија. 

Кај Смитс изесно време чувствувал некомфорност во пределот на градите, а деталните испитувања покажале дека има миокардит. Тоа е воспалување или оштетување на срцевиот мускул што може да биде предизвикано од повеќе фактори. 

Колку време ќе трае неговото лекување засега не може да се предвиди, но Флензбург и Холандија треба да се подготват за подолг период во кој нема да можат да сметаат на неговите услуги. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk