Денеска се игра финале на СП, каде да гледате?

Денеска се спушта завесата на 26 Светско првенство во ракомет во женска сениорска конкуренција. Мундијал што се одржува во Данска, Шведска и Норвешка. 
Во финалето на турнирот ќе се сретнат репрезентациите на Франција и Норвешка, за бронзен медал ќе се борат репрезентациите на Данска и Шведска. 

Епилогот на ова СП не беше многу тешко да се предвиди. Победникот на финалниот меч, сепак, не е толку едноставен за прогнозирање. Овие две репрезентации играа и во групната фаза и минимална победа славеше Франција. 
Дали се спремни двапати во една недела да го совладаат актуелниот светски и европски првак, ќе дознаеме вечерва. 


ДЕНЕСКА ИГРААТ
ФИНАЛЕ: 
19:00  НОРВЕШКА - ФРАНЦИЈА (TV Arena Sport 1)
МЕЧ ЗА ТРЕТО МЕСТО
16:00  ДАНСКА - ШВЕДСКА (TV Arena Sport 2)