Чекор кон европска значка за Савиќ и Огњановски

Декември е месец кој освен за финишот на (полу)сезоната и репрезентативните собири е резервиран и за бројни меѓународни турнири во сите возрасни категории кои своето место под сонцето го наоѓаат во кратките термини во кои нема првенствени натпревари. 
Турнирот „Локомотива Куп“ што се одржува во Брчко, БиХ е еден од турнирите во кои свој логистички дел има и Европската ракометна федерација, а една од сферите се судиите што се делегирани на овој турнир. Перспективни млади судии под лупа на ЕХФ кои се подготвуваат за влез во европското семејство се дел од Локомотива Куп. 
Млад македонски судиски пар го одработува овој предизвик што е чекор кон добивање на значка со која се влегува во друштвото на европските судии. 

Марко Огњановски и Дамјан Савиќ се во Брчко, ја одработуваат за нив третата меѓунардона задача зададена од Виена. Тие се дел од проектот „Млади судии“, а претходно беа дел од Универзитетските игри во Полска, подоцна и од Отвореното ЕП што се одржува во рамките на Партиле Куп во Шведска. 

Во Брчко, Савиќ - Огњановски судеа групна фаза од најстарата категорија на турнирот (2007). Судеа дуел Дубрава - Металопластика што заврши со минимална победа од на Дубрава (28-27) и уште еден тежок и резултатски неизвесен меч меѓу Дубрава и Копер што заврши без победник (29-29). 

Денеска го судат полуфиналето меѓу екипите на Дубрава и Рибница. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk