Рејстад ја расплака Данска

Норвешка е во големото финале на 26 Светско првенство! Тоа е една од најочекуваните работи на првенството, но начинот на кој дојде е спектакуларен. Во полуфиналето на СП, Норвешка по продолженија ја совлада Данска 29-28 (25-25, 23-23, 9-14). 

Сѐ беше денеска подредено на моментот Норвешка да биде елиминирана. Данска почна одлично, имаше расположен голман и добри стрелци, поведоа со 5-1 и имаа водство од 13-9 на полувреме и водеа во текот на целиот меч, сѐ до 59 минута. 
Но, Норвешка знае како се победува на големи натпревари. Ги имаше Стине Офтедал, Нора Морк и веројатно најдобриот играч во светот - Хени Рејстад. 

Оваа 24 годишна девојка која игра на позиција лев бек постигна 15 гола од 17 обиди на денешниот меч кој со продолжението траеше 70 минути. 
На крајот, при резултат 28-28 напаѓаше Норвешка. Данска добро се одбрани во прв момент, времето истекуваше, но кобна грешка направија нивните дефанзивци што не тргна да ја фаулираат туку се обидоа да ја блокираат Рејстад во последниот шут.
Со звукот на сирената, буквално во 70:00 проектилот на Рејстад заврши во мрежата на Данска за еугорија кај Норвежанките и и реки солзи кај данските ракометарки и публика, 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk