Денеска се игра 1/2 финале на СП, каде да гледате?

Почнува завршната фаза од Светското првенство во женска конкурецина. Во игра за медали останаа трите домаќини, а тоа се Шведска, Данска и Норвешка и репрезентацијата на Франција. 

ДЕНЕСКА ИГРААТ
17:30  Данска - Норвешка  (TV Arena Sport 2 Premium)
21:00  Франција - Шведска (TV Arena Sport 2)

Организаторите успеаја да се пласираат во полуфиналето делумно и поради системот на ИХФ што им овозможува на домаќините на манипулираат со ждрепката. Овие три земји тоа го искористија максимално и под закрилата на економската оправданост ги распоредија репрезентациите така да не можат да вкрстат меѓусебе се до 1/2 финалето.
Откако тоа го завршија, почнаа кампања за промена на ова правило. 

Вечерва ќе се водат битките во кои во паралелно со медалите се бркаат и пласмани на Олимписките игри. Имено, ако Франција вечерва во полуфиналето ја совлада Шведска, најголем бенефит ќе види Данска која директно ќе оди на ОИ. 

Натпреварот меѓу Франција и Шведска ќе го судат Германките Мајке Мерц и Тања Кутер, додека дуелот меѓу Данска и Норвешка судиите од БиХ, Амар и Дино Коњичанин. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk