ТРАНСФЕРИ: Елисон, Бергендал, Дармул

Левото крило на Веспрем, Бјарки Мар Елисон го продолжи договорот со клубот до 2025 година. Исландското крило во Веспрем дојде во 2022 на местото на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков. 

Шведскиот пикер Оскар Бергендал потпиша нов договор со актуелниот европски шампион Магдебург. Бергендал во редовите на Магдебург дојде од редовите на Штутгарт, а таму пак, во 2022 беше дојден на местото на македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски. 

Кил продолжи и трет договор. По Никола Билик и Домагој Дувњак, соработката ќе продолжи и со пикерот Питер Оверби. 

Поранешниот ракометар на Металург и на Е. Пелистер, Немања Обрадовиќ го комплетираше трансферот од Татабања во Партизан. 

Алжирскиот стратег Фарик Делхири е назначен за нов селектор на Алжир. Неполн месец пред Азиското првенство клупата на Алжир ја напушта Салах Бучкерои. 

Мелзунген уште не го виде во својот дрест тунискиот ас Мохамед Армин Дармул, а веќе доби лоши вести. Тунижанецот кој игра за Минден заработи фрактура на ногата и нема да биде достапен најмалку два месеца. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk