Вардар го одбрани врвот, носи три бода во Плејоф

Вардар 1961 не беше убедлив ниту надмоќен во дуелот со Голден Арт во првите 30 минути од натпреварот. Помладиот скопски тим го контролираше резултатот и на пауза замина со два гола предност (15-13).
Во вториот дел, сликата мораа да ја поправаат Јашухира, Георгиевски, Јагуриноски, па предноста на гостинскиот состав брзо се истопи. 
Вардар израмни на 19-19, а потоа со серија од 7-2 стигна до убедлива предност и победа (32-25). 

Ваквиот епилог беше очекуван, Вардар не можеше да си дозволи луксуз да „киксне“ во последното коло. Црвено-црните го освоија првото место во групата „Б“ и ќе пренесат три бода во Плејоф, исто колку што ќе пренесе и Алкалоид од групата „А“. Е. Пелистер ќе пренесе два бода, еден бод пренесува Бутел Скопје, а Т. Пролет во Плејоф ќе почне без бодови. 
Во групата „Б“ сѐ уште има битка за второто место меѓу Тиквеш и Охрид, а екипата на Струга ќе игра Плејоф, но без бодови. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk