СУПЕРЛИГА: Денеска завршува групата „Б“

Денеска завршува првиот дел од првенството кога е во прашање групата „Б“ во која главната битка се водеше за меѓу Вардар и Е. Пелистер, но израмнето беше и во подолните слоеви, па така денеска математичка шанса за Плејоф има и екипата на Голден Арт, а на крајот на табелата Вардар Неготино и Мулти Есенс ќе одлучуваат која екипа ќе има еден бод, а која нема да има стартни бодови во Плејаут. 

На табелата води Е. Пелистер со 39 бода пред Вардар кој има 36, но има и меч помалку. Ако денеска црвено-црните си ја напишат домашната, тогаш Вардар 1961 во конечната табела ќе биде на првото место затоа што има подобар скор од меѓусебните дуели со Е. Пелистер. 
Следствено, во Плејоф, Вардар 1961 ќе стартува со три, а Е. Пелистер со два бода. 
Бутел Скопје е третиот сигурен патник во Плејоф и таму ќе пренесе еден бод. Последното место, најверојатно е за Т. Пролет кој независно од исходот на денешниот меч со Бутел Скопје, ако Вардар 1961 го совлада Г. Арт ќе заврши на четвртото место и ќе се пласира во Плејоф. 
Ако Голден Арт, пак, на пример креира сензација денеска, тогаш тие ќе одат во Плејоф, а прв на табелата ќе биде актуелниот првак. 
Најреалното сценарио, сепак, е дека петтото место и три бода предност во битката за опстанок се за екипата на Голден Арт. Шестото место и два бода во Плејаут ќе пренесе тимот на Прилеп, а за избегнување на последното место вечерва во Неготино се среќаваат Вардар Неготино и Мулти Есенс. Тие имаат по шест освоени бода досега. Нерешен резултат му одговара на скопскиот тим. 

ДЕНЕСКА ИГРААТ
18:00  ВАРДАР НЕГОТИНО - МУЛТИ ЕСЕНС
18:30  Т. ПРОЛЕТ - БУТЕЛ СКОПЈЕ
18:30  ВАРДАР 1961 - ГОЛДЕН АРТ
 
1.
141301484:32539
P
P
P
P
P
2.
131201410:29636
P
P
P
P
P
3.
13805346:33224
P
I
P
P
I
4.
13616335:34419
I
N
P
I
P
5.
13526321:35517
P
N
I
I
P
6.
143110371:42910
I
I
P
I
I
7.
132011342:4246
I
I
I
I
I
8.
132011286:3906
I
I
I
P
I

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk