Кои ќе стигне до полуфинале? Каде да гледате?


Денеска ќе бидат комплетирани полуфиналните дуели, по што ќе знаеме кои четири репрезентации ќе се борат за медал на 26 Светско првенство во ракомет во женска сениорска конкуренција. 

ДЕНЕСКА ИГРААТ
17:30  Шведска - Германија (TV Arena Sport 1)
Полуфинале: Франција - победникот
20:30  Данска - Црна Гора (TV Arena Sport 7)
Полуфинале: Норвешка - победникот

Домашната Шведска против силната Германија или домашната Данска против „среќната“ Црна Гора? Тоа се двата најважни натпревари што денеска ќе се играат на скандинавскиот мундијал. 

Црногорките во 1/4 финалето влегоа низ малата врата, откако Хрватска ја пропушти својата шанса и бепе поразена од отпишаната Унгарија, а тој нивни пораз за избраничките на Бојана Поповиќ значеше пласман во елиминациите и дуел со селекцијата на Данска. 
Данска покажа слабост на дуелот со Јапонија, но домашниот терен на вакви натпревари секогаш игра голема улога, па тие вечерва ќе бидат во улога на фаворити. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk