Чешка немоќна, Франција во полуфинале

Франција е првиот полуфиналист на 26 Светско првенство што се одржува во Скандинавијата. Денеска Французинките ја совладаа Чешка 33-22 и сега очекуваат противник во битката за финале.

Чешка денеска одигра сосема солидно прво полувреме во кое беше само два гола зад Франција (16-22). Но, во вториот дел, Франција ја стегна одбраната, на голот застана Лора Глосе која имаше над 60% успешни интервенции и Чешка во овој дел постигна само шест гола. 

Вечерва, Норвешка и Холандија ќе се борат за влез во второто полуфинале. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk