Извиси Шпанија, познати два полуфинални парови

Шпанија не успеа да го материјализира поразот на Чешка од Бразил, беше убедливо совладана од репрезентацијата на Холандија и не се пласираше во 1/4 финалето на тековното СП.

Франција пак одигра врвен меч против домашната Норвешка и победи минимално 24-23, па во 1/4 финалето ќе се сретне со репрезентацијата на Чешка.
Холандија, пак, во 1/4 финалето ќе игра со селекцијата на Норвешка. 

Денеска ќе бидат познати и другите два полуфинални парови. 
Германија и Данска се веќе пласирани од групата „3“ и вечерва на меѓусебен меч ќе решат кој ќе биде прв, а кој втор во групата. На Германија и одговара и нерешен резултат за првото место. 

Во групата „1“ е похаотично. Шведска и Ц. Гора играат за првото место. Победникот ќе биде прв, нерешено и одговара на Шведска. 
Но, ако Шведска ја победи Црна Гора, тогаш шанса за пласман во 1/4 финале ќе има Хрватска. Во тој случај, нив ќе им биде доволно и реми со отпишаната Унгарија за да бидат втори во групата. 


ДЕНЕСКА ИГРААТ: 
15:30  Јапонија - Србија
15:30  Камерун - Сенегал
18:00  Унгарија - Хрватска
18:00  Романија - Полска
20:30  Ц. Гора - Шведска
20:30  Германија - Данска


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk