ГРК Охрид доведе црногорски пивот

ГРК Охрид денеска се пофали со своето ново засилување, а тоа е 29 годишниот црногорски пивот Адмир Пелидија. По Јапоноцеот Мацуока кој треба да дојде од Брно, ова е втор играч во пресрет на Плејоф сезоната што претстои. 
Пелидија во Охрид доаѓа од Ал Аин од ОАЕ, а во кариерата бил и репрезентативец. Пелидија не е на списокот од 35 ракометари на Владо Шола кои ќе конкурираат за место во репрезентацијата на ЕП 2024 во Германија. 

Црногорскиот репрезентативец Адмир Пелидија најново засилување на ГРК Охрид!
Пелидија (195цм, 112кг) има 29 години и игра на позицијата пивот, а во Охрид ќе го носи дресот со број 11.
Во тимот на Гладијаторите доаѓа од Ал Аин Емирати, а претходно настапувал за Бузау (Романија), Билер (Франција), Алкобендас (Шпанија), Горажде (Бих) и Рудар Пљевља (Црна Гора). Има повеќе од 15 настапи за сениорската репрезентација на Црна Гора, како и за сите младински категории - објавија денеска охриѓани. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk