Раскинаа Е. Пелистер и Дејвис

Португалскиот плејмејкер Вилсон Дејвис веќе не е дел од екипата на Еурофарм Пелистер, потврдија денеска од битолскиот клуб. 
Овој ракометар дојде минатата сезона во редовите на битолскиот тим, но не успеа да се вклопи во шемата на Александар Јовиќ, а сега и кај Бранко Ангеловски, доби само една шанса и тоа беше тоа. 

Ваквиот расплет беше очекуван со оглед на тоа дека на него не се сметаше ниту на подготовките, ниту во Лигата на шампионите. Прашањето беше само како ќе бидат формалностите решени со оглед на тоа дека тој си имаше валиден договор.
Сега и тоа е решено и Вилсон Дејвис е слободен ракометар. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk