Дали е ова крај за Неагу со Романија?

Некогаш најдобрата светска ракометарка, Кристина Неагу, има проблем со повреденото колено и на мундијалот што се одржува во Шведска, Данска и Норвешка одигра само еден натпревар. 
Таа средба Романија ја загуби од Германија, иако водеше на полувреме. 
Неагу во пресрет на овој мундијал изјави дека тоа ќе биде нејзиното последно големо натпреварување како репрезентативка. 
Вечерва, во пресрет на утрешниот дуел со Јапонија, таа е заменета со Алисија Гогирла, ќерката на некогаш славната романска ракометарка Симона Гогирла.

Дали има време Кристина Неагу да се врати за некој од следните мечеви или ова ќе биде крај на нејзините настапи на мундијалот, а ако остане на најавеното и крај на нејзините настапи за Романија, секако ќе бидеме сведоци и ќе видиме. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk