Ни Е. Пелистер, ни Алкалоид туку Нант

Српскиот Моцарт Спорт објави информација од нивни извори дека бекот на Адемар Леон и репрезентативец на Србија, Марко Милосављевиќ следното лето ќе замине од Адемар и ќе се пресели во францускиот Нант. 

Милосављевиќ во Нант ќе игра на местото на португалскиот ас Александре Кавалканти, а тоа што за нас е интересно е историјот на овој трансфер. 
Моцарт спорт вели дека Милосављевиќ летово практично бил договорен со Е. Пелистер, но трансферот пропаднал затоа што не се договориле околу должината на договорот.

Друг заинтересиран клуб за неговите услуги наводно бил Алкалоид. Но, Милосављевиќ место сегашниот, го одбрал бившиот клуб на Кирил Лазаров. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk