-
08.12.2023
-
Вести, Планета ракомет
Заврши есенскиот дел од Европската сезона во која македонските екипи согласно на реалноста не се прославија, па зад четирите клуба што се натпреваруваа во овој дел и вкупно 20 одиграни натпревари, скорот е две победи, едно реми и 17 порази.
Есенската полусезона е зад нас, а во Европа во овој дел се прославија неколку нови имиња. Емил Мадсен, во моментов играч на ГОГ, а од следната година играч на Кил е Топ стрелецот во ЛШ. Има 22 години и игра на позиција десен бек. Покрај Матијас Гидсел, Данска доби уште еден врвен десен бек. Тој е најдобриот стрелец во ЛШ со 66 гола.
Целје исто како и нашиот Пелистер има 10 порази од 10 меча. Но, за разлика од Е.Пелистер, Целје доби еден играч за иднина - Митја Јанц. Toj е помладиот брат на играчот на Барса, Блаж Јанц.
Митја има 20 години и игра на позиција централен бек. Во моментов со 65 гоала е втор стрелец. По нив доаѓа добро познатиот Дика Мем.
Во Европската лига, за разлика од ЛШ врвот е за ветеран. Анди Шмит игра како во најдобрите денови и со просек од 10 гола по натпревар е најдобриот стрелец во Европската лига. Ќе си имаме проблеми со него на ЕП 2024.
Не е само тој, на второто место на листата на стрелци е Леополд Ноам, 21 годишен и постигна 53 гола досега. И тој е репрезентативец на Швајцарија од екипата на Винтертур и ќе си имаме проблеми и со него на ЕП 2024. Имајте ги предвид овие двајца кога ќе решите ги ставите на кантар Македонија и Швајцарија пред ЕП.
На ЕП ќе играме и против третиот стрелец во Европската лига. Јури Кнор, репрезентативец на Германија, стрелец на 51 гол.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
1. Емил Мадсен (ГОГ) - 66 гола
2. Митја Јанц (Целје) - 65
3. Дика Мем (Барса) - 60
4. Сандер Сагосен (Колстад) - 59
5. Никлас Екберг (Кил) - 57
6. Марио Шоштариќ (Сегед) - 57
7. Камил Шипжак (ПСЖ) - 57
8. Сигвалди Гудјонсон (Колстад) - 56
9. Арон Менсинг (ГОГ) - 55
10. Себастијан Карлсон (Монпеље) - 53
ЕВРОПСКА ЛИГА
1. Анди Шмит (Луцерн) - 60
2. Леополд Ноам (Винтертур) - 53
3. Јури Кнор (РНЛ) - 51
4. Андриј Акименко (Динамо Б) - 43
5. Винисиус Карваљо (Брага) - 43
6. Тарас Миноцки (Горњик) - 43
7. Стипе Мандалиниќ (АЕК) - 42
8. Абрао Леонардо (Брага) - 39
9. Тобијас Грондал (Елверум) - 39
10. Никлас Киркелоке (РНЛ) - 39
Поврзани вести