Крај на СП за црногорскиот голман

Светското првенство е завршено за црногорскиот голман Марта Батиновиќ. И не само мундијалот, најверојатно и сезоната е завршена за до моментот на повредата најдобриот голман на СП.

Марта Батиновиќ се повреди по нецели 20 минути на натпреварот со Хрватска. Прегледите во клиниката во Гетеборг, покажаа дека се работи за скинати предни вкрстени лигаменти.
Ваков тип на повреда значи операција и во зависност од степенот на оштетување, околу шест месеци пауза пред враќањето на терен. 

Бојана Поповиќ ја повика 22 годишната Анастасија Бабовиќ од Будуќност за замена за малерозната Батиновиќ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk