Е. ПЕЛИСТЕР - ЗАГРЕБ 22-23 (10-13)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Андреу и Мартин од Шпанија
Е. ПЕЛИСТЕР: Гедбан (13 одб), Лесјак, Цехте, Тајник 2, Кисум, Борзаш 1, Танкоски, Радивојевиќ 1, Кузмановски 8, Костески, Петровиќ 4, Петар Атанасијевиќ 1, Васиљев 2, Пешевски 3, Сери, Павле Атанасијевиќ
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 12 мин.
ЗАГРЕБ: Мандиќ 1 (20 одб), Кос 1, Чавар, Фаљиќ 1, Кларица 5, Гојун, Срна 2, Грбавац, Клис, Сиротиќ 1, Кавчиќ 5, Главаш, Чупиќ 3, Дибиров 2, Моралес 3, Сухолежник
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 8 мин.
Е. Пелистер не успеа да освои бод ниту во десеттиот настап во Лигата на шампионите сезонава. Вечерва во Битола, ракометарите на македонскиот првак беа поразени од екипата на Загреб.
Не беше инфериорен македонскиот тим, одигр борбен меч, но го немаше завршниот чекор за освојување на бод(ови).
Загреб на почетокот на натпреварот покажа дека се работи за состав што сериозно напредувал од почетокот на сезоната и вешто стигна до комотна разлика од пет гола, по само петнаесет минути игра (8-3).
Голманот Мандиќ беше основата на резутатскиот успех на загрепчаните, а понатаму тоа се пресликуваше и низ играта во поле.
Во овој дел можевме да видиме и дека шпанските арбитри се многу лесни на доделување на исклучувања. Срна, Кузмновски и Тајник првиот дел го завршија со по две исклучувања.
По 3-8, битолчани почнаа процес на враќање во игра, намалија на 5-8, но останаа со четири играчи во поле, потоа следеа два гола и водство од 10-5.
На полувреме беше 10-13, а Е. Пелистер вториот дел го почна со седум на шест.
Таа игра не одеше никако. По само четири минути Загреб имаше четири шута на празен гол, од кои погоди два за водство од 15-10.
Потоа почна нов процес на враќање во игра на Е. Пелистер. Во 38 минута беше 14-16, потоа во 47 беше 16-17, а во 49 минута, конечно, 18-18.
Немаше водство на Е. Пелистер, туку два гола за гостите кои поведоа до 20-18 со головите на Чупиќ и Кавчиќ. Гедбан беше важна алка во вториот дел и држеше баланс покрај Мандиќ на спротивната страна.
Во финишот, трипати Е. Пелистер намалуваше на минус еден, но ниту еднаш не успеа да се одбрани и да проба да израмни.
Поврзани вести