Ивица Обрван со стил се врати во игра зa 1/4 финале

Репрезентацијата на Хрватска по неочекуваното реми со Сенегал во првото коло од Светското првенство, денеска, конечно, успеа да го избрише минусот од таа средба. 
Репрезентацијата која ја клупата ја предводи поранешниот селектор на Македонија, Ивица Обрван, денеска го совлада тимот на Црна Гора, директниот ривал за место во 1/4 финалето. 

Хрватска денеска беше за нијанса подобар противник, на натпревар на кој постојано го контролираше резултатот. Целото прво полувреме водеше со гол два разлика, а во второто полувреме, само што Црна Гора израмни (14-14) во период од 33-43 минута направи серија од 5-0, поведе со 19-14. 
Црногоркте на овој мундијал не се со најсилниот состав затоа што имаат повредени (Јауковиќ) и навредени (спор меѓу Будуќност и Рајичиќ) и доколку беа комплетни веројатно ќе ја добиеја оваа средба и ќе се пласираа во 1/4 финалето.

Поранешната вардарова ракометарка Итана Грбиќ со пет гола од 11 обиди беше најдобриот стрелец во црногорскиот состав кој до крајот на средбата не успеа да се врати по оваа негатива. Во 57 минута беше 26-23, до крајот Црна Гора успеа да постгина два гола и да намали на 25-26, но не и да стигне до бод. 

Приказната не е завршена, Хрватска има дуел со Унгарија пред себе, а тоа е сериозен противник, додека Црна Гора ќе се сретне со топ фаворитот Шведска. 

Денеска играа и репрезентациите на Полска и Србија. Победи Полска 22-21. Со овој пораз Србија ги загуби шансите за пласман во 1/4 финалето
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk