Е. Пелистер без Ѓорговски, Кизиќ, Стевановиќ...

Вечерва во Битола во рамките на десеттото коло од Лигата на шампионите, копјата ќе ги вкрстат Е. Пелистер и Загреб. Бранко Ангеловски и Андрија Николиќ ги одбраа своите играчи. 

Битолчни на оваа средба ќе настапат без македонскиот потенцијал меѓу стативите, голманот Марко Кизиќ. Потоа без Емилијан Ѓорговски, ракометар што беше сметан за еден од најголемите македонски таленти, но времето си врви, а него се почесто го нема.
Го нема ниту повредениот Цветан Кузманоски, странците Стевановиќ, Нилсен, Дејвис.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk