Последното коло во Лигата на шампионите во календарската 2023 во Битола го носи тимот на Загреб. Десетиот меч на Е. Пелистер во ЛШ ќе биде заокружен вечерва, се надеваме со позитивен исход.
Е. Пелистер и Целје Пивоварна Лашко се единствените екипи во ЛШ што годинава немаат освоено бод. Девет нули е премногу на салдото и е лоша препорака особено што во пресрет на следната сезона немаме директно место во ЛШ, туку треба да го бараме.
ДЕНЕСКА ИГРААТ
18:45Ч.
Е. ПЕЛИСТЕР - ЗАГРЕБ (МТВ-3, TV Arena Sport 3)
АЛБОРГ - ПСЖ (TV Arena Sport 2 Premium)
20:45
БАРСА - ЦЕЛЈЕ (TV Arena Sport 2)
ПОРТО - МАГДЕБУРГ
ВИСЛА ПЛОЦК - ВЕСПРЕМ
Загреб во Битола ќе дојде со неколку познати „фаци“ како Тимур Дибиров, Иван Чупиќ и Куни Моралес, сите тројца бивши играчи на Вардар.
Нивната носечка сила сезонава, сепак, е извонредниот голман Матеј Мандиќ. Од него тргнува сѐ во хрватскиот состав. Се воиграа, имаат одлични бекови како Кос, Кларица, Кавчиќ, во залет се и вечерва за нив е императивот „мораат“.
ПИК Сегед вчера го изненади Келце и направи нох хаос на табелата, на која на крајот, ништо чудно групата да не ја пројде и големиот ПСЖ.